Меѓународен ден на танцот

Меѓународниот ден на танцот беше востановен во 1982 година од страна на Интернационалниот совет за танц (CID, Conseil International de la Danse), партнер на УНЕСКО, и се слави секоја година на 29 април.

Главната цел на настаните кои се одржуваат на Денот на танцот е да се привлече вниманието на пошироката јавност кон уметноста на танцот.

Интернационалниот совет за танц е надлежен за застапување и поддршка на уметноста на танцот и го промовира Денот на танцот преку својата глобална мрежа на членови.

WebOhrid