Денес, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на востановувањето на светата тајна Евхаристија – Тајната Вечера, миењето на нозете, свештената молитва, а си спомнуваме и за предавството Јудино, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.