Воскресна богослужба во сите градски цркви по повод Воскресение Христово

На празникот Воскресение Христово ќе има воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот.

Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник, со почеток во 23:30 часот.

Утрото на први мај ќе се служи втора литургија во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8:00 часот.

Исто така ќе се служи вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17:00 часот.