СВР Охрид со честитка за Велигден

По повод големиот Христијански празник Велигден, од СВР Охрид до сите православни верници упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение.

„Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани.

Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности во општеството.

Блискоста со сите граѓани, законитоста, професионализмот, етичноста, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со новите безбедносни предизвици.

За многу години Велигден, Христос воскресе.“– се вели во честитката.