Отслужена света архиерејска Литургија за трет ден Велигден

Денес, на Третиот ден од прославувањето на торжеството над трожествата, Воскресението Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците од Кичево со пригодно слово и им подели нафора.