Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8ми мај(недела), во црквата „Св.Никола – долна влашка маала – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има и во останатите парохиски цркви.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.