Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Јасенко Омановиќ, пратеник во шведскиот Парламент.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Р.Македонија.
Претседателот Заев ги пренесе заложбите на СДСМ за враќање на демократските процеси во Република Македонија.
„За демократска иднина на Република Македонија неопходни се фер и регуларни избори. За сите, и за опозицијата, и за власта, и за граѓаните, и за меѓународната заедница е јасно дека без чист Избирачки список, без медиумски реформи и одвојување на партијата од државата не се можни слободни и регуларни избори, а само регуларни избори и почитување на правната држава се решение за политичката криза“, рече претседателот Заев.
На средбата заеднички е констатирано дека интерес на граѓаните и на Република Македонија е мирна разврска на политичката криза. Во таа насока потенцирана е важноста за почитување на правната држава, којашто по узурпацијата од власта е и тотално погазена со аболицијата од Ѓорге Иванов, којашто ги предизвика протестите.
„СДСМ поддржува мирни и ненасилни протести и бараме повлекување на апсурдната одлука за аболиција од страна на Иванов“, информираше претседателот Заев.