ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во вторник домаќин на кампањата „За сите деца“

ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид на 10ти мај (вторник) во 10:00 часот во објектот „Росица“ – Лескајца ќе биде домаќин на кампања „За сите деца“.

Кампањата се состои во промоција на прирачникот „Ѕвони ѕвон за бонтон“ преведен на турски јазик.

Дечињата од турската група ќе презентираат дел од содржините на прирачникот.

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ заедно со Секторот за образование е носител на проектот БОНТОН – однесувај се убаво и пристојно во чии рамки е изработен и прирачникот.