Ќе се одбележи 7ми Мај – Денот на македонската полиција

Во рамки на одбележувањето на 7ми Мај – Денот на македонската полиција, утре  во 12:00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централната свеченост, по повод празникот на која што ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“ Славчо Петрушевски која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање.

Инаку покрај централната свеченост предвидени се и низа други активности по повод Денот на македонската полиција. Така утре во 10:00 часот во Министерството за внатрешни работи на споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи (пред зграда 1.), министерот Спасовски со претставници на МВР и семејствата на загинатите припадници на МВР ќе положат цвеќе, а потоа цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на граничната полиција.

Покрај ова делегација на МВР ќе положи цвеќе на споменикот во Базата „Брест“ посветен на загинатите припадници од хелихоптерската несреќа, а ќе биде посетен и споменикот на загинатите бранители во паркот „Жена борец“.

Исто така претставници на МВР традиционално ќе ги посетат децата без родители од Домот за згрижување на деца и младинци „11 Октомври“ , Домот за доенчиња и мали деца во Битола и Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Тетово при што на децата ќе им бидат дадени пригодни подароци.

За заинтересираните медиуми кои сакаат да ги проследат централниот настан во касарната Илинден како и положувањето на цвеќе во кругот на МВР пожелно е да пристигнат 20 минути пред официјалниот почеток на настаните.