Сојузот на Извидници на Македонија имплементира програма „Зајакнување на младинското учество“ овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.
Реализацијата на оваа програма започна во Февруари 2015 и трае се до Јуни 2016 година, каде што младите ја имаат главната улога во креирањето на подобро општество и место на живеење.
Во имплементирањето на оваа програма за зголемување на младинското учество во локалните заедници и подобрување на квалитетот на животот кај младите за подрачјето на Општина Охрид е вклучен и Извидничкиот одред ПИОНЕР од Охрид.
„Преку креирање на активности за директно соочување со реалните општествени потреби младите ја преземат улогата на креатори на квалитетно општество. Со вмрежување на други организации и граѓани и со поддршка од локалните институции преземат сериозни чекори за поквалитетно место на живеење со што позитивно ќе допринесат како на локално така и на национално ниво. На самиот почеток извидниците во неколку општински училишта изработија и поставија кутии за идеи во кои што децата и младите можеа да ги достават своите предлози за подобрување на квалитетот на живеење.
По заклучокот од доставените идеи и по средбата со надлежните од Општина Охрид се дојде до заклучок покрај другото да се реализира и активност за уредување и доизградба на ботаничката градина во централната градинка „Јасна Ристеска” во Охрид каде што извидниците со помош на возрасните во извидништвото и членови од клубот на млади при Црвениот крст од Охрид успеаа да створат подобри услови на најмладите од градинката за да можат и понатаму практично да учат за хранливите растенијата и нивните вредности во исхраната.“- велат од ИО „Пионер“.