Голем успех на охридски основци на Државниот натпревар по англиски јазик

Ученикот Борче Исакоски V одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Јулија Ристевска и ученичката Емилија Николовска V одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по англиски јазик Марина Колеска Наумова на Државниот натпревар по англиски јазик го освои првото место со максимални 100 поени и се здоби со можност да конкурира за парична награда од МОН.

„Ова е голем успех за нашите училишта, но и за Општина Охрид“- изјавија од училиштата.

Инаку натпреварот се одржа на 7ми мај во ОУ „Лазо Ангелоски“ -Скопје.