Денеска во ОУ „Св.Климент Охридски“ беше организиран настан под името „Ден без автомобилски чад“. На овој настан учествуваа вработените и учениците од VI-IX одделение.
„Целта беше да се промовираат здрави навики но и покрај тоа да се стави акцент на велосипедизмот. Оваа акција е успешна со самиот настан каде што ги наведовме учениците и вработените да ги извадат велосипедите и да ги понесат во училиште, а исто така сметаме дека овој настан ќе биде повод некои ученици кои не знаат да возат велосипед да побараат да научат, а оние кои немаат ќе побараат од родителите да им купат.“ – информираат од училиштето.
Настанот се спроведе со возење велосипеди од училиштето до Горица 3.