Заменик градоначалниот Ангел Јанев, денеска имаше средба со ученици и наставници од Основните училишта „Второ основно училиште“ од Цеље, Словенија, „Душан Обрадовиќ“ од Жабљак, Црна Гора и домаќинот Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид.
Претставниците на трите училишта заеднички ќе реализираат бројни активности во рамките на проектот „Сепак заедно“, а имаат планирано слободно време за дружење и меѓусебно запознавање.