Пролетна школа во Дримскиот Басен 2016

Од 7-13 Мај во Струга (а потоа и во други места во сливот) се одржа Пролетната школа за студенти кои потекнуваат и истражуваат во басенот на реката Дрим . Целта на оваа школа е студентите да ја запознаат фундаменталната важност на басенот на реката Дрим за екосистемот и севкупното живеење во Регионот. Преку различни активности студентите ќе се фокусираат на заштитата на биодиверзитотот, еколошката етика како и одржливиот развој. Тие ќе се информираат и за начинот на употреба и управувањето со водените ресурси .

На школата предавање за активностите во Дримскиот басен од прекуграничен карактер и за компонентите од новиот ГЕФ (Global Environmental Facility) проект за Дримскиот Басен одржа и проектниот координатор на ГЕФ Дрим проектот Дејан Пановски, кој ги посочи сите досегашните активности во прекуграничната заштита, процесот на Дримскиот дијалог, формирањето на Дрим Кор групата, потпишувањето на декларацијата и Меморандумот за разбирање на 5-те земји, како и одобрениот проект за заштита на Дримскиот Басен преку ГЕФ, кој проект почнува со имплементција преку формирањето на координативниот Тим и формирањето на заедничките експертски работни групи за рамковната директива за води, за биодиверзитет и екосистеми, за мониторинг систем и за менаџирање со поплави. На школата свои предавања имаат професори од Универзитетите во Тирана и Корча, преставници на граѓански здруженија и преставниците на MIO ECSDE. (Mediterranean Information Office for Environment, Culture and Sustainable Development)

На Пролетната школа учествуваат студенти и постдипломци од земјите кои го делат Дримскиот Басен (Македонија, Албанија, Грција, Црна Гора и Косово). Школата е во организација на иницијативата Act4Drin и МIO ECSDE и има за цел да создаде нова генерација и лидерство кои ќе работат на заедничкото управување со Дримскиот Басен на различни нивоа.

pr4