Митрополитот Дамаскин во посета на Охрид

На 11ти мај Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, беше на поклоничко патување на светите места во вториот Ерусалим – Охрид.

При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Притоа, Митрополитите пријателски поразговараа на различни теми од секојдневниот живот и си разменија пригодни Пасхални подароци.