Митрополитот Дамаскин во посета на Охрид

На 11ти мај Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, беше на поклоничко патување на светите места во вториот Ерусалим – Охрид. При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Притоа, Митрополитите пријателски поразговараа на различни теми од секојдневниот живот и си разменија пригодни Пасхални подароци.

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Свети великомаченик Георгиј“

Утре, во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети великомаченик Георгиј“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, Охрид, (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...