Одбележан Денот на мајката

 

Вчера, 13 Мај во организација на Женскиот Центар „Бисера“, во просториите на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид со пригодна манифестација се одбележа Денот на мајката.

На настанот учествуваа градинките и сите училишта од Охрид кои настапија со свои точки.

По повод објавениот конкурс на тема „Мајка“ жири-комисијата составена од наставници, претставници од градинките и училиштата ги избраа најдобрите творби, а на наградените ученици им се доделија награди спонзорирани од Општина Охрид.