Презентација на специјалитети од Охрид и Благоевград

Во хотелот „ Ривиера“ , синоќа во организација на Женскиот центар „ Бисера” од Охрид и нивните гостинки од женската организација „ Искрица“ од Благоевград, Бугарија, се одржа презентација на специјалитети од храна од традинационалната кујна од двата града.

„Сакам да Ви посакам убава вечер, а на гостите убав престој во Охрид. Оваа година Женскиот центар „Бисера” го прослави дваесетгодишниот јубилеј , во кој покажа дека многу работи можат да се иницираат и подстрекнат во интерес на пошироката заедница. Здружението може да се пофали со акциите за превенција, СОС, Ден на мајката, Ден на таткото, учество на жените во политичките процеси, како и бројни други проекти и работилници“– рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Презентацијата на традиционалните специјалитети на двете сестрински здруженија е резулат на долгогодишната плодна соработка, за која велат дека во иднина ќе се продлабочува.