Мисајловски: Доста е безредие, омраза и наметнати сценарија, избори мора да има

Сите проекти, патишта, инфраструктура… Се ова не може да се оствари доколку немате Влада.

Во моментов оваа би ја нарекол хибридна влада, бидејќи министрите од опозицијата се во Владата, кои не потпишуваат документи, не се појавуваат на владини седници, а тоа не е функционирање на еден министер, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во „Кворум“ на РСМ.

Говорејќи за актуелната политичка ситуација вели дека има деструкција, вандализам на улиците, омраза меѓу граѓаните и дека тоа е наметнато и затоа верува дека мора да има избори и да се стави крај.

Мисајловски очекува 5 јуни да покаже дека граѓаните како што вели едвај чекале да запре сценариото на СДСМ и дека веруваат во ВМРО-ДПМНЕ и оти ги подржуваат позитивните политики.

Доста е безредие, омраза и наметнати сценарија, нагласува Мисајловски.

Граѓаните, потенцира тој мора да кажат што сакаат и како сакаат да живеат. Наскоро според најавите ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави и новата изборна програма.