Мисајловски: Доста е безредие, омраза и наметнати сценарија, избори мора да има

Сите проекти, патишта, инфраструктура… Се ова не може да се оствари доколку немате Влада. Во моментов оваа би ја нарекол хибридна влада, бидејќи министрите од опозицијата се во Владата, кои не потпишуваат документи, не се појавуваат на владини седници, а тоа не е функционирање на еден министер, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во „Кворум“ на РСМ. Говорејќи за актуелната политичка ситуација вели дека има деструкција, вандализам на улиците, омраза меѓу граѓаните и дека тоа е наметнато и затоа верува дека мора да има избори и да се…

повеќе...

Градежната експанзија во патната инфраструктура во сите региони во државата

Продолжува градежната експанзија во патната инфраструктура во сите региони во државата. Интензивно се работи на изградба, реконструкција и рехабилитација на 14 регионални патни правци во државата. Меѓу другите станува збор за патните делници Велес – Кадрифаково, Битола – Ресен – Буково, Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар, Нов Дојран – Николиќ, Делчево – Голак, Бошков Мост – Дебар и други. 14 регионални патишта на кои градежната оператива во моментот дејствува се во вкупна должина од 175 километри. Државата во нив инвестира над 80 милиони евра, а значајно е што…

повеќе...

Мисајловски: Над милијарда евра за изградба на патната инфраструктура

Интегрален текст од прес конференција на Владо Мисајловски „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски во изминатиот период беше фокусирана на реализација на капитални инфраструктурани проекти се со цел да создадеме квалитетна транспортна мрежа и поквалитетен живот за граѓаните на Република Македонија. Започнувајки од 2006 година кога ја добивме довербатаод граѓаните започнавме активно да работиме на сите проекти кои ги имавме ветено или ги ветувавме во текот на изминатите години. Со гордост можам да истакнам дека како никогаш досега во Република Македонија се инвестира во патната и железничката инфраструктура,…

повеќе...

Инфраструктурни зафати во повеќе урбани заедници

Во повеќе урбани заедници во Охрид, во моментов се изведуваат инфраструктурни зафати на екипи од јавните претпријатија. Во завршна фаза е изградбата на првиот дел од пешачката патека кон Горица, каде остануваат да се финишираат деталите од хортикултурното уредување. Новиот кружен тек на пресекот од бул. „Туристичка“ и улицата „Бистрица“, наскоро целосно ќе биде ставен во употреба за сообраќај. Интензивно се работи на целонсо нов лик на улицата „Питу Гули“, проект добиен со средства на Светска банка, каде во моментов се поставуваат сливници за атмосферска канализација. Во населбата Рача многу…

повеќе...

Се гради атмосферска канализација во населбата Даљан

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручните служби на Локалната самоуправа денес направија увид на динамиката на работите каде во тек се неколку градежни активности кои се одвиваат во Охрид и околината. Тие ја посетија и населбата „Даљан“, каде денес започна изградбата на атмосферска канализација. „Во населбата Даљан деновиве отпочна уште еден значаен проект на Локалната самоуправа, изведување на атмосферска канализација во неколку улици почнувајќи од улица Сатеска, потоа Мича Гилиќ, Трајче Трајчески и уште неколку краци на овие улици кои што ја опфаќаат целата населба Даљан. Во изминатите години од оваа…

повеќе...

Ставрески: Поддршка од СБ за финансирање два инфраструктурни проекти

Има начелна поддршка од Светска банка за поддршка на два проекта во Македонија – патот од Ранковце до Крива Паланка, а потоа и до границата со Бугарија, и за гасификацијата во Република Македонија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по средбите со претставници на Светска банка во Вашингтон каде што учествува на пролетните средби на СБ и ММФ. „На состанокот со Светска банка разговаравме за конкретни проекти што ќе бидат во поддршка на економскиот раст и добивме уште еднаш уверување дека има прогрес во подготовката на два значајни…

повеќе...

Поповски: Инфраструктура за интегрирање на Балканот во европскиот проект

Бидејќи Европската унија е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзувањето на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во европскиот проект. Тоа го истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски во обраќањето на министерската конференција на Западен Балкан „Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа“, што се одржа денеска во Приштина. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од своја страна укажа на важноста од вклучувањето на целиот Коридор 8 како дел од мрежата на…

повеќе...

Во 2014 година досега највисоки капитални инвестиции

Реализацијата на капиталните инвестиции во 2014 година е на историски највисоко ниво од 21 милијарди денари, покажува фискалната табела објавена од Министерството за финансии. Заедно со Агенцијата за државни патишта оваа бројка изнесува 28 милијарди денари. За споредба, пред десет години, односно во 2005 година реализацијата на капиталните расходи изнесуваше 10 милијарди денари, или во 2006 година 9,6 милијарди денари. Ова значи дека капитални инвестиции се зголемени за 280 проценти во изминативе десет години. Минатата година ќе остане историска за Р.Македонија во поглед на крупните проекти од инфраструктурата. Во делот…

повеќе...

Пред турски компании претставени инфраструктурните проекти во Македонија

Пред компании од Асоцијацијата на млади бизнисмени ТУГИАД заинтересирани за инвестиции во Македонија се претставени инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и проектите од туризмот во државава. Се работи за компании од градежниот сектор, хотелиерството, енергетиката и рударството, автомобилската индустрија и железничкиот сектор, пред кои за инфраструктурните проекти и најавените инвестиции во Македонија зборуваше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во посета на Турција. За проектите што се реализираат за подобрување на инфраструктурата во Македонија Јанакиески информирал и на средба со турскиот колега Лутви Елфан.…

повеќе...

Австриски компании анализираат инфраструктурни проекти во Македонија

Австриски компании од градежништвото и инфаструктурата денеска на бизнис форум во Скопје се запознаа со можностите за вклучување во патните и железнички инфраструктурни проекти во Македонија. Пред претставници на седум компании од Австрија тековните и идните градежни активности ги претстави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиeски, а нивните планови за соработка ги слушнаа 40-ина претставници од 28 домашни фирми. Според министерот Јанакиески, бизнис форумот е одлична можност да се презентираат тековните и идните градежни активности и проекти во Македонија и да се дискутира за можностите за учество на австриски…

повеќе...