Со цел да се запознаат со културното наследство и историското минато на Охрид учениците од трето одделение од ОУ„Свети Климент Охридски“ ја посетија спомен куќата на Робевци.
„Во музејот разгледаа артефакти од различни периоди, се запознаа со животот на семејството Робеви и ја видоа „Златната соба“ – музејската поставка со златни предмети пронајдени во Охрид со големо археолошко значење заради својата реткост кои предизвикаа посебен интерес кај учениците.“ – информираат од училиштето.