Од денес до 21 мај, за прв пат, во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје. Обуката е акредитирана од Агенцијата за циивилно воздухопловство, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област, а ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава.
Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сферата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, клиниката за хематологија.
Обуката, на високо стручниот медицински персонал и психолозите, ќе им овозможи стекнување широк спектар на искуства и нови знаења во нивната понатамошна работа со воздухопловниот кадар во земјава.
По завршувањето на стручното оспособување, посетителите, ќе се стекнат со Потврда за завршена Основна обука за медицинска селекција и надзор на уверенија на персонал за летање, со што практично, за релативно краток временски период, голем број обучени лекари, психолози и медицински персонал, ќе се вбројат во графата на високо стручно обучени кадри, подготвени да одговорат на исклучително сложените задачи, како драгоцена и неопходна карика во подготовката на пилотите и другиот стручен персонал на воздухопловната индустрија, за квалитетно и долготрајно извршување на нивните летачки задачи.
Агенцијата за цивилно воздухопловско, пак во делот на своите регулаторни надлежности кои значат високо стручна, сертификацијата на лекари и здравствени установи, првични и стручни лекарски прегледи, како и континуиран инспекциски надзор на медицинските служби на аеродромите, и натаму останува доследна на својата визија, мисија и стратешки цели, обезбедување европски профилирано модерно, современо, сигурно и безбедно воздухопловство во интерес на патувачката јавност и сите чинители на воздухопловната индустрија.