Шекеринска во дводневна посета на Шведска

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска е во дводневна посета на Шведска.

Денеска, заменик претседателката Шекеринска ќе оствари средба со Александер Мојсијук од одделот за ЕУ во Министерството за надворешни работи на Шведска.

Шекеринска ќе се сретне со членови на шведскиот парламент како и со претставници на сестринската Социјалдемократска партија на Шведска.

Во рамки на дводневната посета, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе оствари средби со претставнции на медиуми и невладини организации.

Во среда, заменик претседателката Шекеринска ќе има обраќање на јавен настан на којшто ќе зборува за моменталната политичка ситуација во Република Македонија.