Ученик од ОУ „Живко Чинго“ освои прва награда на Регионалниот натпревар по хемија

Во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Маједонија, на 14ти мај во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“, Охрид се одржа Регионалниот натпревар по хемија.

Ученикот Дамјан Митрески од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ја освои првата награда под менторство на наставничката Маја Попоска. Со тоа ученикот Митрески се пласира на Државниот натпревар по хемија кој што ќе се одржи на 28ми мај(сабота) на Институтот за хемија.

WebOhrid