Плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид денес пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвен крст и Бреинобреин.
На 45-от општински натпревар по прва помош, учениците од основните и средните училишта во Охрид и Дебрца се натпреваруваа во презентирање на стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни во категоријата подмладок беше екипата на ОУ „Христо Узунов“, а во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ „Кирил и Методиј“.
Во овој циклус на подготвока на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 300 млади.
Традиционалнао, во втората половина на месец мај, со завршување на годишниот циклус на Бреинобреин програмата, младите кои ја следат оваа програма во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид и нивните родители подготвија прекрасни домашни, традиционални специјалитети наменети за хуманитарната продажна изложба која денес се реализира на градскиот плоштад.
Бреинобреин генијалчињата својата креативност ја изразија и преку цртањето во боите на Бреинобреин.