Откриени мигранти и царинска измама, запленети цигари, тутун, лекови, фалсификати и друго

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија мигранти, царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, тутун, лекови, стоматолошка опрема, техничка стока, фалсификати и друго.

Мигранти

Во два одвоени случаи откриени се пет мигранти:

– Во првиот случај, мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи прoнајдоа тројца мигранти без документи за идентификација, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, извршена во близината на Скопје. При контролата на возилото, кое пренесувало лекови (инфузија) од Грција, наменети за Косово, во ладилникот биле пронајдени тројцата мигранти. Возачот, тројцата мигранти и товарното моторно возило се предадени на инспектори од Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.

– Во вториот случај, царинските службеници од царинската испостава Гевгелија прoнајдоа во приколка на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки двајца мигранти од Авганистан. Мигрантитебиле пронајдени при детален преглед на стоката (изолациони железни панели) декларирана за увоз во државата, со која било натоварено возилото. Лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за негово понатамошно постапување.

Задржана е следната стока:

Цигари и тутун

– 13.300 парчиња цигари со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Пеќ – Истанбул и бил пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир, а бил управуван од турски државјанин кој поседува и македонски пасош. Непријавените цигари биле пронајдени во просторот кој се наоѓа десно од задната врата на автобусот, под тоалетот и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 3600 парчиња цигари и 1,5 kg режан тутун за пушење без акцизни маркички, откриени при контрола на автомобил со грчки регистарски ознаки, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Според изјавата на возачот, цигарите и тутунот ги купил на грчкиот фришоп од другата страна на границата, а истите биле пронајдени под возачкото и совозачкото седиште, во фабричките шуплини во подот од возилото зад предните седишта, во конзолата помеѓу двете предни седишта и под задните седишта. Непријавените цигари и тутун се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 12,3 kg режан тутун и 4000 парчиња цигари со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на празно товарно моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари се пронајдени во фабрички шуплини, фиоки и прегради на возилото, а непријавениот тутун во просторот кај моторот на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Девизи

– 2.000 евра и 400 швајцарски франци, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Цирих, Швајцарија. Кај патникот се пронајдени вкупно 12.000 евра и 400 швајцарски франци, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го внесе во државата.

Лекови и стоматолошка опрема

– 98 парчиња FLIXONASE 50 mcg, 180 таблети GALVUS MET 50 mg, 270 таблети ATEROZ 20 mg, 5 инјекции OVITRELLE 250 mcg, 14 ампули PREGNYL 500 iu, 40 шишиња сируп ZIMAKS 100 mg и 80 ампули VENTOLIN NEBULES 2,5 mg, откриени при контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Непријавените цигари се пронајдени во торба сместена во багажниот простор на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 26 парчиња разна стоматолошка опрема, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавената стоматолошка опрема е пронајдена во бело ќесе сместено во багажниот простор на возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Гасен пиштол и муниција

– 1 парче гасен пиштол марка Beretta-Elitte и 14 парчиња муниција (полнења за гасен пиштол), откриени при контрола на автомобил со шведски регистарски ознаки, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Гасниот пиштол и муницијата се пронајдени во просторот за чување на прирачен алат од левата страна на багажникот, завиткани во црно најлонско кесе, а во багажниот простор била пронајдена и картонска кутија – амбалажа за гасен пиштол. Непријавениот гасен пиштол и муниција се привремено одземени, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стока

– 1 нов телевизор, откриен при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Салзбург – Битола и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, а бил управуван од македонски државјанин. Непријавениот телевизор бил пронајден на последните патнички седишта од автобусот и истиот е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 17 парчиња рачни приемачи (WIRLESS Y-650) и 160 парчиња далечински повикувачи (WIRLESS), откриени при контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавената стока е пронајдена во куфер сместен во багажниот простор од возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 7 парчиња мобилни телефони, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените мобилни телефони се пронајдени при личен претрес на возачот во предните џебови од неговите панталони и јакна и во мала торбичка која ја носел со себе и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Друго

– 21 парче делови за багер, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените делови биле пронајдени под предните седишта од возилото и истите се привремено задржани, а против сопственикот е поведена прекршочна постапка.

– 26 парчиња и 24 сета разна козметика (парфеми, тоалетни води, креми, гелови за туширање, дезодоранси, пудри, сенки за очи и вештачки нокти), 10 парчиња часовници, 5 полначи за мобилни телефони и 2 сета бижутерија (обетки, нараквица и ланче), откриени при контрола на автомобил со српски регистарски ознаки, управуван од српсски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока е пронајдена во куфер сместен на задните седишта од возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 60 парчиња разна облека (свечени фустани, сукњи, свечени корсети, женски маици и панталони), откриени при контрола на автомобил со албански регистарски ознаки, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената облека е пронајдена под резервната гума во багажниот простор, во патните торби, под задното седиште и во преградите од вратите на возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 210 парчиња лулиња за пушење и 1800 парчиња ПВЦ дршки за лулиња, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од лице со германско државјанство, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока е пронајдена во патните торби, во две пластични ќесиња како и во една картонска кутија, сместени во багажниот простор на возилото и истата е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 40 пара спортски обувки и 180 пара чорапи со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, натоварено со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран. Пазарната вредност на сомнителните спортски обувки и чорапи е проценета на околу 210.800 денари, доколку би се продавале како оригинали.

– 209 парчиња шампони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Куманово -Табановце (стариот пат) во близина на Куманово. Сомнителните шампони се пронајдени во багажниот простор на возилото, а нивната вредност е проценета на околу 24.000 денари, доколку би се продавале како оригинали.

– 75 парчиња маици, 40 комплети тренерки, 73 парчиња долен дел од тренерки и 12 парчиња шорцеви со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Ново Село – Струмица. Вредноста на сомнителната облека е проценета на околу 296.700 денари, доколку би се продавала како оригинал.

Царинска измама

На царинската испостава Аеродром Александар Велики Скопје – отсек за стоково царинење за увозно царинење биле пријавени 800 сетови со системи за инфузија, наменети за увозник од Скопје, а со потекло од Кина. По извршениот документарен преглед констатирано е дека во Одобрението од Агенцијата за лекови и медицински средства, земја на производител и производство е Германија, додека во царинската декларација земја на поаѓање и земја на потекло е Кина. При физички преглед е констатирано дека стоката е произведена во Кина, меѓутоа на самото пакување пишува дека е произведена во Германија. Царинската управа ја известила Агенцијата за лекови и медицински средства за случајот, а по извршената проверка од страна на фармацевтски инспектори изготвени се Записник од извршен инспекциски надзор и Решение за забрана на увозот на 800 сетови со системи за инфузија. По поднесеното Барање за уништување на стоката, истата е уништена во Дрисла.