Бројни успеси на основците од „Григор Прличев“ на Регионалните и Државните натпревари

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ со бројни успеси на Државните и Регионалните натпревари.

На Државниот натпревар по физика одржан на 21.05.2016 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учениците од ОУ „Григор Прличев” постигнаа високи резултати и ги освоија следните награди:

Ана Димоска VIII одд прва награда

Венеса Бакреска IX одд прва награда

Кирил Ковачески IX одд трета награда

Петар Лекоски IX одд трета награда

Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.

DrzavenNatprevarFizika

На државниот натпревар по географија ученикот Горан Кичеец IX одд. го освои I место, под менторство на наставникот Петре Тасески.

Извештај од постигнати успеси на ниво на општина на X регионален и државен натпревар по информатика

InformatikaDrzavenRegionalenNatprevar

Јана Парулеска VII одделение ОУ „Ванчо Николески„ Лескоец II награда регионален , III награда државен ментор: Дубравка Сершиќ.

Христијан Дончевски VI одделение ОУ „Григор Прличев“: III награда регионален, II награда државен, ментор Марина Џепароска Танасоска.