Фудбалската федерација на Македонија и реномираната турска компанија D`S Damat денеска потпишаа договор за меѓусебна соработка. На претставувањето присуствуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски и претставници на D`S Damat од Турција предводени од сопственикот на „Орка холдинг“, Сулејман Оракчоглу.
Обраќајќи се на присутните, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски истакна задоволство од потпишаниот договор и соработката со D`S Damat.
„Во деловниот свет во земјата и пошироко значењето на фудбалот е огромно. Кога разговарате со одредени деловни партнери на крајот секогаш фудбалот е темата која поврзува и на која се создава меѓусебната хемија. Среќни сме што потпишавме договор со реномираниот бренд за конфекција Дамат. Бренд кој е познат ширум европа. За многу брзо време најдовме заеднички јазик и ќе се трудиме заеднички ќе го изградиме патот до успехот. Фудбалот е веќе инкорпориран во деловниот свет, треба и тука да создадеме атмосфера во која ќе се прави простор за соработка бидејќи тоа е вредност на секој спорт, а посебно на фудбалот“, – истакна Ѓорѓиоски.
Фудбалската федерација на Македонија е нова спортска организација со која D`S Damatе партнер, по романски Динамо Букурешт, Спартак Москва и Трабзонспор.
„Нас ни е драго што ќе бидеме дел од соработката со ФФМ. Веќе имаме соработка со спортски клубови како Динамо Букурешт, Спартак Москва, фудбалскиот и хокеарскиот тим, Трабзонспор. Се надевам дека Македонија ќе биде успешна во квалификациите за големите натпреварувања и исто така ќе создаваме правилни вредности“, – изјави Сулјелман Оракчоглу, сопственик на „Орка Холдинг“.
Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во оваа прилика истакна: „Благодарност за довербата која D`S Damat ја има во нас и во подобри резултати на македонските национални селекции. Наша обврска е да се обединиме, заедно со навивачите и љубителите на фудбалот, да создадеме нова енергија и да ги поддржиме националните селекции. Верувам дека заедно ќе навиваме во идните квалификации и ќе ја гледаме Македонија во многу подобро издание“.