Успех на ученичка од охридската Гимназија на Државниот натпревар по физика

На 49-от Државен натпревар по физика одржан на 7ми мај на Институтот за физика при ПМФ во Скопје, ученичката Марија Мојсовска од трета година од охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ освои трета награда под менторство на проф. Виолета Никовска.

Со тоа ученичката обезбеди учество во тимот за селекција на ученици кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Светската Олимпијада по физика во Швајцарија.