Министерот Лутфиу на доделувањето на дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Денес се чувствувам привилегиран, бидејќи имам можност да се обратам пред дипломираните студентите од универзитетот на еден од најдобрите рангирани високообразовни установи во земјата и во регионот. Овој универзитет е промотор на промени и прогресивни идеи за подобрување на квалитетот на високото образование. Промотор на национално и на демократските вредности. Центар за стекнување на знаење и арена на конкуренција за повеќе квалитет“, истакна во своето обраќање пред дипломираните студенти министерот Лутфиу.

Исто така, потецираше Лутфиу, се надевам дека иднината на граѓаните на Република Македонија ќе биде во рацете на образовани кадри и талентирани луѓе, кои ќе имаат можност да се справат со предизвиците на времето.

„Дипломираните студентите од овој Универзитет ќе бидат еднакви во секоја област на општествениот живот со своите врсници во нашата земја и по широко“, рече Луфтиу, додавајќи дека Универзитетот на Југоисточна Европа станал почитувана академска институција.

За нас квалитетот на образовниот систем е клучен услов за европска култура, образовна и економската размена за интеграција на Македонија во Европската Унија. Вашата работа нека биде незапирлива со цел да се обезбеди квалитет во иднина, односно вашата диплома дa биде доказ за вашето знаење“, им порача Лутфиу на студенти.

Универзитетот, додаде министерот, секогаш ќе биде еден од најсилните и најзначајните високообразовни установи – генератор на развој на општеството и знаењето. Затоа, овој универзитет ви даде можност, вештини и надлежности со цел успешно да се натпреварувате во пазарот на трудот.

„Несомнено современите студиски програми, ќе ги зголемат вашите шанси за вработување, бидејќи универзитетот има значајна репутација на меѓународно ниво. Сакам да Ви честитам за овие достигнувања, за овој успех истовремено убеден сум дека вашите академски и професионални амбиции не завршуваат со дипломирањето туку ќе продолжат и во иднина“, рече Лутфиу.

На крај, додаде Лутфиу, сакам да изразам подготвеност и висока мотивираност, но исто така и храброст и длабоко убедување на сите студенти и на академскиот кадар дека Универзитетот на Југоисточна Европа и во иднина ќе продолжи да биде лидер на сцената на високото образование во Република Македонија и еден од столбовите над кои ќе се изгради развојот на оддржлив економски и социјален развој на нашето општество.

„Ќе бидеме еден од главните сојузници на ова институција и на граѓаните во наставниот, образовниот и научниот процес. Ние и во иднина ќе бидеме вклучени во развивањето на овие процеси со цел нашата улога да биде уште поголема и подиректна, што подразбира зголемување на вниманието на институциите во поддршка на процесот на реформи и развој на квалитетот. Универзитетот е место каде што се гради иднината, така што високо образовните институции треба повеќе да се ангажираат во изградбата на патиштата во процесот на интеграција и развојот на земјата. Јас како министер за образование и наука, без никакви услови изразувам посветеност на институцијата која што го претставувам освен барањето за квалитетно образование во овој голем предизвик за вас и за нашето општество“, истакна во своето обраќање министерот Лутфиу.