ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Како расте бројот на граѓаните коишто протестираат против криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, така нервозата во нивните редови станува се’ поголема.
Покрај секојдневните закани и притисоци кон вработени во јавните претпријатија и државните институции да не се појавуваат на протестите во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со провокации ќе може да го поколеба охрабрениот народ.
Седиштето на СДСМ во Охрид во текот на вчерашниот ден беше цел на вандалски чин (слики во прилог) којшто ја потврдува нервозата на криминалните структури во земјава од враќањето на правдата, слободата и демократијата.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува институциите професионално и ефикасно да спроведат истрага и да ги орктијат сторителите.“– стои во соопштението.