ВМРО-НП Охрид ќе врши ревидирање на членството

ОК на ВМРО-НП Охрид испрати допис до медиумите, во кој стои:

„Времето на досегашниот начин на владеење помина. Овие темни и изгубени десет години за брзо ќе станат минато. За многу брзо време, граѓаните ќе живеат слободно и без никакви притисоци.

ВМРО – Народна партија и понатаму работи на враќање на демократијата во Република Македонија. И понатаму продолжуваме да работиме за посветла иднина на нашата татковина и за нашите деца. За таа цел, ВМРО – Народна партија ќе врши ревидирање на членството, како и приклучување на своите симпатизери во работата на Општинскиот комитет.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, симпатизери и членови да не контактираат на следната e-mail адреса: vmronarodnapartijaohrid@gmail.com или во просториите на општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија.“- стои во дописот.