Света архиерејска литургија за празникот Спасовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 9-ти јуни, четврток, во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во горно Лакочереј, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“.

Литургијата е со почеток во 9:00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има во сите парохиски цркви.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.