Невработеноста продолжува да паѓа, за една година пад од рекордни 2,8 отсто. Стапката на невработеност во првиот квартал од 2016-та година изнесува 24,5 отсто, што претставува најниска стапка до сега. Во однос на претходниот квартал невработеноста е намалена за 0,1 отсто, додека во однос на првиот квартал од минатата година има значителен пад од 2,8 отсто.
Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава изнесува 24,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на невработени изнесува 231.386 лица, а бројот на вработени 714.435 лица со стапка на вработеност 42,6 отсто.
Од вкупниот број вработени 697.248 лица, 60,1 процент се мажи, а 39,9 проценти жени. Меѓу невработените поголемиот процент се мажи 66,3, а жени 33,7 проценти.
Според возраста, најмногу невработени лица се меѓу 25 и 49 години. Најмногу невработени лица се со средно образование четрири години 106.732, со основно 57.793, со високо образование 42.956, со средно образование три години 15.793, со незавршено основно образование 3859, со више образование 2.276 и без образование 1.908 лица.
Статистиката покажува дека најмногу вработува преработувачката индустрија 136.381 лице, земјоделскиот сектор 120.921 лице и трговијата 101.422 лица.