Одделението за превенција во СВР Скопје ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција во СВР Скопје, ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“, чија основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните.

Праксата покажува дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери.

Активностите во рамките на горенаведената кампања ќе започнат на 11.06.2016 година во 11.00 часот на Средно Водно, Жицница-Милениумски крст, во соработка со ЈП Македонски шуми, а ќе продолжат да се реализираат во текот на летниот период 2016 година на подрачјето на СВР Скопје.