Завршува учебната 2015/2016 година

За 187.000 ученици во основно образование и за 81.000 средношколци денеска е последниот ден од учебната 2015-2016 година и за нив почнува летниот распуст, кој ќе трае до 1 септември.

Денеска завршува и екстерното тестирање, кое почна на 7 јуни.

Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети.

Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето.

Поради уписите во средните училишта (28 и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтоодделенците (на 13 јуни), а за сите други ученици резултатите ќе бидат познати на 17 јуни.

Извор: meta.mk