Зголемен бројот на умрени лица од насилна смрт

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица од
насилна смрт е зголемен за 4.1% во однос на претходната година и изнесува 513 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5%.

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2015 година поголемо учество (72.1%) имаат машките лица.

Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат “несреќните случаи” со 70.4%, потоа “самоубиствата” со 22.2% и “убиствата” со 7.4 %.

Во категоријата “несреќни случаи”, најголемо учество (29.2%) имаат умрените лица од “други надворешни причини за случајна повреда”.

Во категоријата “самоубиства”, случаите кај коишто смртта настапила поради “бесење, странгулација и суфокација” имаат најголемо учество со 13.6%.

Во категоријата “убиства”, доминантна причина за смрт е “oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје” со учество од 3.7% во однос на вкупниот број на случаи на насилна  смрт.