Денес во Охрид ќе пристигне познатата француска актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот на Рашид Бушареб „Пат за Истанбул“. Оваа актерка има остварено многу улоги, меѓу кои и во филмовите на Копста Гаврас, Клод Лелуш, Беноа Маријаж и Леспер, а се прослави со политичката тв-серија „Црниот барон“. Во 2014 е номинирана за наградата „магрит“.
Нејзина најзабележлива улога е во филмот „Патот за Истанбул“ на Рашид Бушареб, во кој таа игра самохрана мајка чија ќерка заминува за џихад во Сирија, и која решава да ја најде и да ја врати во Белгија. Астрид Ветнал вели дека овој филм е многу потребен и со многу страст зборува за нејзината силна улога. Францускиот режисер со алжирско потекло, кој последниве години ги освојува сите награди на светските фестивали, беше поканет во Охрид со овој филм кој премиерата ја имаше на Берлинскиот фестивал, но тој моментно снима друг филм. Но, затоа публиката ќе може да ја сретне Астрид Ветнал која вели дека нејзиниот лик во филмот е целосноп аполитичен, и дека се работи само за една мајка која открива дека нејзинотоп дете не е таму каде што треба да биде.
Инаку Астрид Ветнал е второ големо име од светот на филмот што е гостин на фестивалот. На отворањето на „Охрид Филм Фест“ беше извонредниот и харизматичен Лазар Ристовски, на кого му беше доделена наградата за извонредниот придонес во балканската кинематографија, а му ја додели заменикот на градоначалникот на Охрид Ангел Јанев. Фестивалот беше отворен со филмот „Од другата страна“ во кој главната улога ја имаше Лазар Ристовски. На прес-кон ференцијата што „Охрид Филм Фест“ ја организираше во хотелот Инекс-Горица, Лазар Ристовски одговараше на новинарски прашања. Тој му даде поддршкана фестивалот и рече дека фестивалите никогаш не се доволни, туку дека секогаш има место за уште еден.
-Јас се радувам што стартува еден ваков фестивал и директорката на „Охрид Филм Фест“, Сунчица Уневска ќе ја има секогаш мојата поддршка“ рече Лазар Ристовски.
Фестивалот на ангажиоран филм „Охрид Филм Фест“ и денеска продолжува со прикажување на филмови од кратката програма „Видици“ коишто се прикажуваат Охридската филмска школа – ФИОФА. На Фестивалот ќе бидат прикажани 44 кратки филма меѓу кои се пет македонски. Тие почнаа вчера, (понеделник) ќе се прикажуваат во вторник и среда, кога е последниот ден опд фестивалот. Проекциите започнуваат во 13 часот и траат во три блока, а секој блок е од по два часа.
Главната програма започнува во 17 часот во „Центарот за култура „Григор Прличев“ со филмот „Би сакала да се измие дождот“ на Ѓилтен Таранч од Турција. Воо Турција, најмалку три жени секој ден се убиваат од нивните сопрузи, бивши сопрузи или бивши љубовници. Четири од десет жени страдаат од физичко насилство. Филмот е за Гемзе, која е убиена од нејзините родители.
„Над ии под“ е документарен филм на Швајцарија и Германија. Филмот разкажува за двојка која живее во подземен тунел во Лас Вегас. Осамен маж кој преживува во калифорниска пустина. Девојка која сериозно мисли да се пресели на планетата Марс.
Последниот филм за петтиот ден од Фестивалот е филмот „Пат за Истанбул“ со Астрид Ветнал која ќе пристигне во Охрид за да присуствува на проекцијата.