Народен театар Охрид, четврток 16.06.2016 гостува на 51-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со почеток во 19 часот ќе ја изведат претставата „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов.
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.