Конференција „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“ на 29 јуни во Скопје

Како да знаете кога е прав момент да го препуштите управувањето на следната генерација? Што треба како основачи да им пренесете на наследниците? Кои се правите чекори? Какви знаења и вештини треба да поседуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата? Како да изградите култура на компанија која ќе влијае позитивно на сите вработени? Како да ги инкорпорирате позитивните семејни вредности во компанијата? Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите? Ова се дел од прашањата на кои ќе се одговори на конференцијата.

Втората македонска конференција под наслов „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“ ќе се одржи на 29 јуни 2016 од 09 до 17 часот во М6 Едукативниот центар во организација на ClearView бизнис тренинг центарот.  По успешно организираната Конференција за семејни бизниси минатата година, каде учество зедоа повеќе од 120 посетители, Clear View BTC по втор пат ја организира единствената конференција од ваков тип, на која ќе се разговара за влијанието на основачот на културата на компанијата, какви знаења треба да поседуваат наследниците пред да го наследат управувањето на компанијата и како да се дојде со свеж капитал во семејните компании.

Темите разработени на конференцијата ќе одговорат на следните прашања: 

  • Дали знаете како основач какво е Вашето влијание на културата на компанијата?
  • Какви вредности промовирате?
  • Како наследник, што да направите кога сакате да смените нешто во културата на компанијата? Која е Вашата улога?
  • Дали знаете да направите реална проценка на знаењата и вештините на потенцијалните наследници?
  • Како да ги решите недостатоците?
  • Дали е потребно формално образование од областа на менаџментот и управувањето?
  • Кои менаџерски вештини се неопходни? Како ги стекнуваат и обновуваат?
  • Колку време е потребно наследниците да поминат во компанијата пред да дојдат на управувачка функција?
  • Дали е потребно претходно да работат во друга компанија?
  • Како да знаете кога наследниците се спремни да ја преземат одговорноста за водење на бизнисот?
  • Дали како сопственици јасно сте ги поставиле очекувањата од наследниците?
  • Дали имате тренинг стратегија за наследниците?
  • Излезната стратегија на основачот треба да биде јасно дефинирана и споделена со наследниците.
  • Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите?

На конференцијата посетителите ќе научат колку е важна културата на компанијата како една од 5те клучни варијабли за професионализирање на односите помеѓу семејството и компанијата. Ќе научат дека треба да прават јасна разлика помеѓу трансферот на сопствеништвото и трансферот на менаџирањето на компанијата. Најчесто младите (наследниците) ги очекуваат двата типа на трансфер во пакет, но не е така и не треба да биде. Пред да се препушти управувањето на компанијата на следната генерација, сопствениците треба да бидат сигурни дека наследниците ги имаат потребните вештини и знаења. Вo третиот дел на конференцијата ќе се објаснат неколку опции како да се стигне до финансиски средства за идни инвестиции за развој на семејните бизниси.

На панел дискусиите кои ќе се одржат во рамки на конференцијата, ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата кои ќе дискутираат на темите. Учесници се: Г. Сашо Наумоски од Витаминка, г. Муарем Муртезани од Алма М, г. Златко Леов од Леов компани, г. Филип Смилковски од Индустри сервис, г. Крсте Блажески од Инекс Дрим хотели, г.Симон Ендровски од Bella, г. Виктор Мешков од СЕАФ и СПМГ, г. Дејан Стаматов од Стопанска банка…

На конференцијата како гости ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси.