Прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец“ и „Српница“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул. „Кленоец“ и ул.„Српница“ во период од 09.00 до 14.00ч.

Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.