Македонија ќе игра против Австрија во полуфиналето од Европската одбојкарска лига

Македонската репрезентација повторно успеа да се пласира во Ф4 од Европската одбојкарска лига. Оваа година натпреварите од Ф4 ќе се играат во Варна, Бугарија.

Во полуфиналето на 1 јули (петок) Македонија ќе игра против Австрија со почеток од 14:00 часот. Од 17:00 часот е другиот полуфинален натпревар Естонија-Бугарија. Следниот ден со почеток во 14:00 часот поразените ќе играат за бронза, додека пак финалето ќе се игра во 17:00 часот.

WebOhrid