Објавен списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17

Фудбалската федерација на Македонија го објави списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17 година.

Резултати од селектирање за Спортска Академија – фудбал 2016-17

За примените кандидати во сите градови важи истиот уписен рок како за сите средни училишта. На 28 и 29 јуни 2016 година од 8:00 до 15:00 часот во просториите на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје.

Сите примени кандидати од сите градови се запишуваат во Скопје.

Потребни документи:

– ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ

– СВЕДИТЕЛСТВО ОД 5 – 8 ИЛИ 6 – 9 ОДДЕЛЕНИЕ

– КАРТОНЧЕ ЗА ПРИМЕНИ ВАКЦИНИ