Министерството за култура на 28 и 29 јуни, во 10 часот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје и во Музејот на современа уметност во Скопје организира Инфо ден и работилница за програмата „Креативна Европа –Култура“.
За време на дводневниот настан, со свои презентации ќе се претстават: Егле Делтувате, раководител на канцеларијата за „Креативна Европа–Култура“ на Литванија и Милда Лаузикате, директор на организацијата „Креативни врски“ од Литванија.
Настанот кој е посветен на најважниот приоритет на програмата „Креативна Европа“ за развој на публиката, има за цел ги информира заинтересираните претставници од културниот и креативниот сектор за процесот на подготовка на проект- идеи квалификувани за оваа програма. Подготовката на Проект-идеите се во функција на тековните повици за аплицирање за следниве акции: „Проекти за соработка“ и „Платформи“ за кои краен рок за аплицирање е 5 октомври 2016 година.
Во рамките на Инфо—денот ќе биде претставено и литванското искуство во програмата како и успешни проекти поддржани од „Креативна Европа – Култура“ како примери на добра пракса. Присуството на претставниците од Литванија претставува можност за индивидуални средби со културните организации од нашата земја кои бараат партнери од Литванија за учество во европски проекти.
Инфоден и работилница за „Креативна Европа –Култура“
-Развој на публика –
28 и 29 јуни 2016 година, Скопје
28 јуни
Место: ЕУ Инфо центар – Скопје
10.00 Пријавување на учесниците
10.30 Презентација на „Креативна Европа – Култура“
Билјана Прентоска, Министерство за култура, Одделение за „Креативна Европа -Култура“
10.45 Презентација на категориите: „Проекти за соработка“и „Платформи“
Билјана Прентоска, Министерство за култура, Одделение за „Креативна Европа -Култура“
11.30 Презентација за литванското искуство со програмата и презентација на успешни проекти
Егле Делтувате, Канцеларија за Креативна Европа – Култура, Центар за меѓународна културна
програма на Литванија
12.15 Пауза
13.00 Развој на публика – трансверзален приоритет на „Креативна Европа“
Егле Делтувате, Канцеларија за Креативна Европа – Култура, Центар за меѓународна културна
програма на Литванија
14.00 Презентација на проектот: „Креативно партнерство“
Милда Лаузикате, директор на организацијата „Креативни врски“ од Литванија
15.00 Прашања и одгвори
29 јуни
Место: Музеј на современа уметност – Скопје
Работилница на тема „Развој на публика“
10.00 Вовед во работилницата: Како да се подготви успешен проект?
Билјана Прентоска и Егле Делтувате, Канцеларии за Креативна Европа – Култура
на Македонија и Литванија
10.30 Презентација на проектот: „Уметност на отвореност“
Милда Лаузикате, директор на организацијата „Креативни врски“ од Литванија
11.30 Работилница со учесниците на тема: „Развој на публика“
13.00 Пауза
14.45 Претставување на резултатите од работните групи
14.30 Затворање на работилницата