По повод големиот муслимански празник Бајрам градоначалникот Никола Бакрачески, утре (30.06.2016), на плоштадот Чинар организира Ифтар вечера.
Вечерата која ќе започне во 20 часот претставува израз на соживот и градење на меѓусебни пријателски односи и почитување меѓу сите етнички заедници што живеат во Охрид.