Средба со семејствата на загинатите македонски бранители

Во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи, председателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњановска и советникот Илија Арнаудоски, со делегација на МВР во која беа помошникот на директорот на Бирото за јавна безбедност Тони Станкоски, началникот на СВР Охрид Гоце Недески и портпаролот Стефан Димоски, присуствуваа на свечената вечера со семејствата на загинатите македонски бранители, кои се на седумдневен бесплатен одмор во Охрид.

„Ми претставува особена чест што сум меѓу Вас и ја имам можноста најискрено, во името на градоначалникот Никола Бакрачески и на граѓаните на општина Охрид, да ја искажам длабоката почит и восхит на храброста на вашите најблиски, кои ги изгубија своите животи за слободна и безбедна Република Македонија.

Ја искажувам и длабоката почит на Вашата храброст и истрајност , за начинот на кој се справувате со загубата на најблиските, но бидете уверени дека, ние се сочувствуваме со загубата и ќе направиме се да ја ублажите таа болка. Загубата е ненадоместлива, но знајте дека имињата на Ваште најблиски, длабоко ќе бидат врежани во колективната меморија на граѓаните во Република Македонија, зошто Вие имавте татковци и синови кои ги дадоа своите животи за нашата сегашност и иднина.

„Ние, во Локалната самоуправа сме почестени што сте во Охрид, за да се одморите и да уживавте во убавините на овој свет град. Се надевам дека бевме добри домаќини и дека ќе бидеме уште подобри за следното доаѓање“– рече Коњановска.

Во рамките на седумдневниот бесплатен одмор, семејствата на загинатите македонски бранители, покрај во Охрид имаа организирани посети на Вевчани и манастирите во Св. Наум и Калишта.

Braniteli_sindikat_290620164851