Свечено отворено 15-то издание на „Канеофест“ 2016

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа свечено беше отворено петнаесеттото издание на фестивалот „Канеофест“ 2016, кој веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид.

На првата фестивалска фолк вечер беа изведени 22 нови композиции. Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и богат ревијален дел кој за посетителите ќе приреди незаборавна вечер.

Фестивалот е поддржан од Општина Охрид.

WebOhrid/А.Андриоски