Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „КанеоФест“2016, со што фестивалот беше затворен.
На фестивалот се натпреваруваа изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии и богат ревијален дел кој за посетителите приреди незаборавна вечер.
Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа по 15-ти пат, а веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид.
А. Андриоски