Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот.
„Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.
Светите празници, како што е и Рамазан Бајам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат на човекот да го оствари својот копнеж и порив за спокоен и среќен живот.
Човекот е спокоен и среќен кога се спокојни и среќни неговите деца, неговите родители, неговото семејство, неговите пријатели, соседи, сограѓани.
Затоа ни се потребни овие универзални бесценети вредности.
Тие ја зацврстуваат слободната волја што со којашто се раѓаме и охрабруваат да го избереме патот на вистината и правдата.
Тоа е вистинскиот пат каде што се вкрстуваат индивидуалниот и колективниот мир.
Тој пат води до слободни и еднакви граѓани, кои живеат во заедничко, правично, просперитетно општетство, спокојни и среќни.
Ние заедно, без разлика на различностите по каква било основа покажавме дека го носиме тој потенцијал во себе, да се спротивставиме на злото и неправдите и да избереме вистина и правда. Дека како совесни луѓе сакаме и можеме да одговариме на обврската што ја има секој од нас, да придонесеме кон заедничка, посветла иднината на сегашните и идните генерации.
Убеден сум дека заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците и ообезбедување достоинствен живот за сите граѓани во Република Македонија.
Честит Рамазан Бајрам почитувани сограѓани!“ – стои во честитката.