Пронајден 75 годишниот кичевчанец

На 05.07.2016 година во 15:15 часот од страна на полициски службеници од ПС-Кичево во содејство со Шумска полиција, на м.в. „Стредорек“ атар с.Белица, било пронајдено лицето З.С. од Кичево, (кој на 04.06.2016 година во ПС-Кичево бил пријавен како исчезнато лице) со мали видливи повреди во вид на гребнатини на лицето и нозете.